Вечерва се игра дербито Динамо – Хајдук: Ристовски и Адеми се најавуваат како стартери кај “модрите“!

372

Вечерва од 20 часот на “Максимир“ во Загреб, се игра големото дерби во Хрватска. Динамо го дочекува Хајдук. Вечерва цела фудбалска Хрватска ќе биде на нозе, се знае што значи кога играат овие два гиганти. Така беше и порано во екс – СФРЈ, така е и сега во Хрватска.

Ова е меч од 6..коло во ХНЛ. За нас е интересно зошто имаме наши интернационалци и во двата тима. Според медиумите во Хрватска, кај Динамо Загреб се очекува стартери да бидат и Стефан Ристовски и Аријан Адеми. Додека за Хајдук прашање е дали ќе биде во комбинација Александар Трајковски кој за време на подготовките со репрезентацијата на Македонија пред дуелите со Ф. Острови и Ерменија се повреди и не беше во составот и за двата меча.

ПретходноВардар против Бисинов за прва победа во Супер-лигата
СледноХаланд прогласен за играч на месецот во ПЛ, тренерот на Брајтон испиша историја! (ФОТО)