Хајдук го победи Динамо на „Максимир“ со 1:0 и го запоседна врвот на табелта во најсилната хрватска лига. По мечот тренерот Џенаро Гатузо зборуваше пред камерите на „МаксСпорт“.
„Одигравме многу добро дефанзивно, Динамо имаше свои шанси, но ние им ги лимитиравме. Како екипа сработивме добра работа. Не треба да ја гледаме табелата, ме весели добрата игра, подобри сме од меч во меч. На крајот на сезоната ќе подвлечеме црта и ќе видиме каде сме“, изјави Гатузо.
„За Калиниќ може се да се каже, но не и дека е лажго. Тој ме натера да дојдам овде, не би бил тука да не беше тој. Оваа победа му ја посветувам на нему. Поради овие момци останав, ме веселат, исто и навивачите. Тоа што може да се види во Сплит ретко ќе го видите на друго место“, додаде италијанскиот тренер.
Но зборуваше и за претседателот Иван Билиќ.
„Некои работи ми беа ветени, а не се исполнети. Не е вистина тоа што зборува претседателот, немаме разговарано месец дена, а не 10 како што тој зборува. Бирам борба и продолжување на работата со овие момци. Не сум човек кој лесно се откажува“, заклучи Гатузо.