Пеп Гвардиола, еден од најуспешните фудбалски тренери во историјата, откри дека нема профил на ниту една социјалните мрежи и не го користи ниту WhatsApp.
„Не сакам мејлови, не ми се допаѓа WhatsApp. Не сум во ниту една група, а не сум ниту во една со моите играчи бидејќи немам профил на таа платформа. Немам ТикТок, Твитер, Инстаграм… ништо. Само еден мобилен телефон со пораки и тоа е тоа. Кога сакам да погледнам на социјалните мрежи, одам на профилот на мојата ќерка, таа ми дозволува“, изјави тој за Sky Sports.
🗣️ | Pep Guardiola: “I don’t like mails, I don’t like WhatsApp. I have just one phone; no TikTok, no Twitter, no Instagram, nothing. Just my phone and message and that’s all. When I want to [look at social media], I’ve got to my daughters.” [@SkySportsPL] pic.twitter.com/rVv9JlElWX
— City Chief (@City_Chief) September 12, 2024