Денеска во неговиот роден град Торсби, во Шведска, бепе погребан Свен – Горан Ериксон. Легендарниот шведски тренер, кој водеше повеќе познати клубови од Европа, беше и селектор на Англија, почина на 26 август на 76 години и тоа осум месеци откако му беше дијагностициран рак на панкреасот.
Службата се водеше на англиски и шведски јазик, а присуствуваа повеќе од 600 негови пријатели, роднини, познаници, меѓу нив беа и Дејвид Бекам, Рој Хоџсон, како и неговиот татко кој има 95 години, како и членови на шведското кралско семејство.
Во текот на кариерата Ериксон освои 18 трофеи, предводеше 12 клубови а неговите последни зборови беа презентирани постхумно:
“Не се откажувај. Животот секогаш, секогаш би требало да се слави“.