Динамо на колена – Хајдук ги однесе бодовите од „Максимир“

890
ФОТО: ФБ/ДИНАМО ЗАГРЕБ

Најголемото хрватско дерби помеѓу Динамо Загреб и Хајдук се одигра вечерва на „Максимир“, а победата ја однесе сплитскиот тим со 1:0. Мечот се одигра пред нешто повеќе од 35.000 гледачи, а иако домашните беа подобри, гостите беа поснаодливи и еднаш погодија од двата шута во рамките на голот и ги однесоа бодовите.
Стефан Ристовски и Аријан Адеми како капитен беа во составот на Динамо. Ристовски го одигра цел меч, а Адеми до 59 минута.
Хајдук на последните три меча на „Максимир“ има две победи и едно реми. Александар Трајковски не беше во протоколот на Хајдук за ова гостување.

Вечерва голот за победа го постигна Марко Ливаја во 70. минута. Moра да се спомене дека Динамо имаше огромни шанса за изедначување: во 76 минута, но Рог кој излезе пред голманот на Хајдук го префрли голот, а во 95 минута од добра позиција шутираше но ударот му беше изблокиран.
На табелата Хајдук скокна на првото место и по 6.кола има 14 бодови. Динамо е втор со 13 бода по исто толку натпревари. Трета е Ријека со 11 бода од пет меча.

ПретходноАндреј Тодороски со два гола му донесе победа на Спартак (видео)
СледноХајденхајм покажа „заби“, но Борусија успеа да победи