Еден Азар доби свирежи на хуманитарен натпревар (ВИДЕО)

169

Пензионираниот Еден Азар накратко се врати на фудбалските терени за да учествува на хуманитарниот натпревар помеѓу Ленс и легендите на француската лига (Ленс победи со 6:5). Првиот дел од кариерата Азар го помина во Лил, а токму тоа беше причината за свирежите кои ги трпеше во текот на целиот натпревар.

Азар е легенда на Лил, со кој во 2011 година го освои францускиот шампионат и Купот на Франција. Во исто време, Лил и Ленс се жестоки ривали и оттука и негативната реакција на публиката на натпревар од благороден карактер. Навивачите на Ленс не му ги простија добрите игри и успесите на Азар против нивниот клуб. Слушнете ги свирежите за Азар.

Поранешниот белгиски репрезентативец одигра 194 натпревари за Лил, постигна 50 и асистираше 53 гола, пред да се пресели во Челзи и да стане еден од најдобрите играчи во светот. Ова му донесе трансфер во Реал Мадрид, каде ќе остане запаметен како еден од најголемите неуспеси на клубот.

Да потсетиме, Азар во Реал пристигна во 2019 година од Челзи за 100 милиони евра. Од неговото доаѓање во Мадрид, неговата форма и кариера тргнаа во надолна линија. Неговата физичка состојба била лоша, а подоцна признал дека му било тешко да најде мотивација. Во текот на четири години, тој постигна седум и постави 12 гола на само 76 натпревари, а во исто време освои седум трофеи со остатокот од тимот.

ПретходноЕве колку се платени менаџерите од Премиер-лигата
СледноЏуд се присети на зборовите на Анчелоти: Потпишавме погрешен Белингам!