Зенит е најгледан клуб во Источна Европа

225

Рускиот фудбалски клуб Зенит од Санкт Петербург е најгледаниот клуб во Источна Европа на стартот на сезоната 2024/25, според „Metaratings.ru“. Според истражувањето на овој портал „Газпром арена“ е најпосетуваниот стадион во источниот дел од Европа, а натпреварите на Зенит на домашен терен од стартот на новата сезона во просек ги гледале 36,133 луѓе.

На второто место е полска Легија со просечна гледаност од 25,423 луѓе на домашните натпревари. На третото место е Сласк од Вроцлав, Полска со просек од 24,645 гледачи. Четврти е исто така полски тим, Лех од Познањ (23,053 гледачи во просек), на петтото место е Краснодар од Русија (20,789 гледачи).

ПретходноЦСКА Софија потпиша со легенда на Лидс и шкотски репрезентативец
Следно“Сантијаго Бернабеу“ е прогласен за најдобар стадион во 2024!