Зивчевиќ во дресот на Гостивар!

117

Искусниот Ненад Зивчевиќ се враќа во домашниот шамшионат и во претстојната сезона ќе го носи дресот на КК Гостивар. Тој доаѓа како замена за Американецот Крис Сали, кој поради здравствени проблеми, иако беше договорен, сепак нема да биде член на тимот од Гостивар.

Инаку Ненад Зивчевиќ минатата сезона ја мина во српската втора лига, а последен клуб во Македонија му беше КК Куманово.

Претхдно Зивчевиќ играше и за Работнички, Плејмејкер Кубус, МЗТ Скопје, Лирија, Струмица, а дел од својата кариера ја мина и во клубови од Црна Гора, Шведска, Украина, како и држави во Азија и Африка.

Секако дека со Зивчевиќ тимот на КК Гостивар ќе добие на искуство.

Претходно“На Рафа време му е да оди во пензија!“
СледноДенеска беше погребан Свен – Горан Ериксон!