Аматерската репрезентација на Македонија, составена од играчи од ВМФЛ, денеска на првиот натпревар на Купот на региони, беше поразена од Војводина со 0:2.
Интересно е тоа што до 80.минута немаше голови, потоа противникот со головите на Бариќ и Бачвански во два наврати “стрелаше“ во нашата мрежа за конечна победа.
Македонија на овој меч кој се играше во С. Пазова (Србија) настапи во состав:
Столевски, М. Митревски, Н. Митревски, Стојановски, Саревски, Бејков, Зумровски, Дебрешлиоски, Мислими, Саити, Кочев. Играа уште и Јордановски, Радевски, Крклински, Спасов, Неделков.
Следниот меч во групата – 3, Македонија ќе го одигра против Западна Словачка (16.09) а последниот со претставникот од Велс (19.09).