Ламин Јамал: Целта ми е да станам легенда на Барселона

89

Младата ѕвезда на Барселона Ламине Јамал нема намера да го напушти Камп Ноу. 17-годишниот напаѓач проценет на 120 милиони евра не е заинтересиран за евентуален трансфер во друг клуб.

„Не сакам да платат 120 милиони за мене, бидејќи тоа би значело заминување од Барса. Се надевам дека ова никогаш нема да се случи. Сонувам да станам легенда на Барселона“, изјави Јамал.

Европскиот шампион со Шпанија повторно беше запрашан како се носи споредбите со Лионел Меси.

„Ми се допаѓа што ме споредуваат со најдобриот фудбалер во историјата, но јас сакам да бидам свој. Да се ​​достигне нивото на Меси е невозможно“, изјави Јамал.

ПретходноЃоковиќ: Дојдете, не знам дали некогаш повторно ќе заиграм во Србија
СледноЕве колку се платени менаџерите од Премиер-лигата