Лука Станковски ќе замине на позајмица во Србија!

1499

Како што дознава Спортспорт, македонскиот младински репрезентативец Лука Станковски во следниот период ќе го носи дресот на суперлигашот од Србија, Раднички Крагуевац.

Членот на турскиот Газиантеп доаѓа кај северниот сосед по поголема минутажа, нешто што во минатото го направи во Словенија односно втората турска лига.

Секако дека ова е можност за нашиот репрезентативец не само да дојде до поголема минутажа туку и до своевидна промоција во пошироки рамки.

Да потсетиме дека офанзивниот играч за врска, во јануари 2022 година направи трансфер од Работнички во Газијантеп, тогаш важеше како еден од најдобрите ако не и најдобар млад фудбалер во ПМФЛ.

ПретходноДенеска беше погребан Свен – Горан Ериксон!
СледноПресврт: Интер и Милан одбиле реконструкција на “Сан Сиро“, сакаат да градат нов заеднички стадион!