Никој во светот како Роналдо: Португалецот дојде до бројката од една милијарда!

133

Кристијано Роналдо продолжува да руши рекорди, не само на фудбалските терени, туку и надвор од нив. Тој е првиот човек кој успеал да ја пробие границата од една милијарда следбеници на социјалните мрежи.

Португалецот на „Инстаграм“ има 639 милиони следбеници, на „Фејсбук“ има 170 милиони, додека на мрежата „Х“ има 113 милиони следбеници. Во оваа бројка од 1 милијарда влегуваат и следбениците кои ги има на кинеските платформи.

„Испишавме историја – 1 милијарда пријатели! Ова не е само бројка – тоа е доказ за наша заедничка страст, посеветеност, љубов кон играта и повеќе од тоа. Од улица во Мадеира до најголемата светска сцена. Секогаш сум играл за своето семејство, за вас, а сега за сите нас една милијарда заедно. Ова патување е заедничко патување и покажавме дека нема граница за тоа што го постигнуваме. Ви благодарам што верувате во мене, што сте дел од мојот живот. Најдоброто допрва следува. Ќе продолжиме заедно да ги поместуваме границите, да победуваме и да испишуваме историја“, порача Роналдо.

ПретходноЕХФТВ ги одбра најубавите голови: „Бомбата“ на Кузмановски ја смести на третото место (ВИДЕО)
СледноСРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: Ф.С. освои СУПЕР МИЛИОНЕР вреден 6.127.971 денари