Сензационален трансфер: Марјановиќ се враќа во Европа!

1414

Сензационален трансфер може да ја размрда европската кошарка. По неколку години минати во НБА, Бобан Марјановиќ е блиску до враќање во Европа и тоа во црно-белиот дрес на турски Бешикташ.

Оваа информација ја донесе порталот Meridian sport, а враќањето на Марјановиќ навистина би било спектакуларно. Бешикташ има сериозни амбиции и голема желба, а тоа е Бобан Марјановиќ. По долга НБА одисеја, може да дојде до враќање на Боби во европската кошарка.

Исто така, доколку желбата стане реалност, Алимпијевиќ би добил огромно засилување на центарската позиција. Бешиткаш ја отвори вратата за враќање на Боби и ќе биде многу интересно да се види како ќе се одвива ситуацијата.

Доколку се оди во споменатата насока, Боби следната сезона ќе игра во Еврокупот.

Да потсетиме, 36-годишниот кошаркар има големо искуство. Хјустон, Далас, Клиперс, Детроит, Сан Антонио, Звезда, Мега, Раднички, Хемофарм…

ПретходноЏуд се присети на зборовите на Анчелоти: Потпишавме погрешен Белингам!
СледноЕХФТВ ги одбра најубавите голови: „Бомбата“ на Кузмановски ја смести на третото место (ВИДЕО)