Соиграч на Димитриевски суспендиран по обвиненијата за сексуална агресија

102

Тренерот на Валенсија, Рубен Бараха изјави дека напаѓачот на екипата Рафа Мир е казнет со два натпревари неиграње откако минатата недела беше обвинет за сексуален напад. 27-годишниот фудбалер беше приведен на 2 септември откако го пријавиле две жени, кои го обвинуваат него и уште едно лице за сексуална агресија.
Судијата го ослободи фудбалерот условно. Од Валенсија објавија дека започнале дисциплинска постапка против Рафа Мир, но додадоа дека ја почитуваат „презумпцијата на невиност“

„Оваа недела тој тренира сам, а следната недела ќе се врати во тимот. “, рече Бараја на неговата прес-конференција.

Шпанскиот напаѓач, кој ги негира наводите, ќе го пропушти гостувањето кај Атлетико Мадрид во недела и дома кај Жирона следната недела.

Претходно„Јокиќ е најдобриот странец кој некогаш играл во НБА“!
СледноЏексон го продолжи договорот со Челзи до 2033 година