ЦСКА Софија потпиша со легенда на Лидс и шкотски репрезентативец

427

Бугарскиот прволигаш ЦСКА Софија ги засили одбранбените редови со шкотскиот интернационалец Лијам Купер. Роден во Англија, Купер има играно за Хал Сити, Честерфилд, Карлајл, а белег остави во Лидс Јунајтед за кој настапуваше од 2014 до 2024 година и одигра 284 натпревари.
Сега како слободен фудбалер се пресели во Бугарија и го облече дресот на ЦСКА. Односно тој е еден од 12-те нови играчи на софискиот клуб.
Според медиумите од Островот дефанзивецот ќе заработува 750.000 евра годишно, а за да премине во ЦСКА одбил понуди од Блекбурн и Хал Сити.
Купер има и 12 настапи за Шкотска.

ПретходноАлими стрелец на гол во убедливиот триумф на Сепси (видео)
СледноЗенит е најгледан клуб во Источна Европа