Новак Ѓоковиќ го најави дуелот помеѓу Србија и Грција во Дејвис купот кој викендов ќе се игра во Белград.
„Сите ме прашуваат на конференции: ОК, што те мотивира следно? Ме мотивираат Гренд слемовите и играњето за репрезентацијата на Србија, затоа ми значи олимпиското злато освоено во Париз. Мило ми е што се уште сум на располагање на тренерот Виктор Троицки. окрај тој златен медал и првиот Вимблдон, би го издвоил и Дејвис купот освоен во 2010 година.
Затоа што, кога играш за својата земја, имаш соиграчи на клупата, тренери, поддршка од трибините. Форматот на Дејвис купот сега е таков што се е променето и немаме многу можности да играме дома. Последен пат играв пред моите навивачи во Пионир пред седум години и не знам дали некогаш ќе играм тука до крајот на мојата кариера. Затоа ги повикувам сите да дојдат да не поддржат“.
Пораката на Ѓоковиќ дека ова е можеби последна шанса фановите да го видат во Србија привлече големо внимание кај тамошната јавност. Навистина е можно повеќе да не игра за Србија на домашен терен бидејќи има 37 години.