„Јокиќ е најдобриот странец кој некогаш играл во НБА“!

339

Кендрик Перкинс, некогашниот центар на Бостон Селтикс, а сега стручен коментатор, позната “фаца“ во НБА, направи своја листа на играчи кои играле во најсилната лига во светот а да не се Американци.

Иако често знаел да го критикува Никола Јокиќ, сепак според Перкинс центарот на Денвер Нагетс е најдоброт странец во историјата на НБА.

Србинот Никола Јокиќ е најдобриот странски кошаркар во историјата на НБА“ вели Перкинс.

Според него по Јокиќ тука се Хаким Олајџувон (Нигерија), Јанис Адетикунбо (Грција), Дирк Новицки (Германија) и Ману Џинобили (Аргентина).

Секако убав комплимент за Јокиќ, кој според сите мерила во моментов е најдобриот кошаркар во светот.

ПретходноКуп на региони: Македонија поразена од Војводина!
СледноСоиграч на Димитриевски суспендиран по обвиненијата за сексуална агресија