Ракометарите на Тиквеш со пораз 31:27 се враќаат од првиот меч во 1. коло од ЕХФ Европскиот куп. На гостувањето кај екипата на Драма во Грција, кавадарчани не успеаја да направат поповолен резултат пред реваншот кој ќе го одиграа на домашен терен идната недела.
Во првото полувреме мечот беше израмнет, иако малата предност која ја имаа домашните ја искористија за да заминат на пауза со предност од 14:13.
Во вториот дел Драма беше многу подобра, успеа брзо да се одлепи на три гола предност, а дпотоа да дојде и до плус 4, предност која успеа да ја задржи до самиот крај и со пристојна гол-разлика да допатува на реваншот во Кавадарци.
Димовски и Манасков со по 5 постигнати гола беа најефикасни во составот на Тиквеш, додека кај Драма, Пападопулос и Критикос мечот го завршија со по 7 погодоци.