Екипата на Алкалоид го испрати младиот десен бек Михаил Иваноски на позајмица во српската екипа Дубочица од Лесковац. Пред почетокот на сезоната Алкалоид го префрли играчот во првиот тим, па реши да го испрати на уште една позајмица.
Ивановски ќе може да просперира со оглед на тоа дека во Алкалоид на десната бековска позиција ги има Серафимов, Велковски и Савревски. Па така Ивановски ќе може да се развива во српскиот шампионат.