Со 14 поени, Нено Димитријевиќ беше најефикасен во составот на Олимпија Милано на денешниот пријателски натпревар против Фенербахче, кој Турците го добија со 81:76. Димитријевиќ покажа извонредна кошарка и не случајно дојде во Милано за да биде еден од носителите на играта во тимот.
Нашиот репрезентативец средбата ја заврши со 3/7 за два поени, 2/7 за три и 2/2 од линијата за слободни фрлања. Ова беше прв пораз за Олимпија Милано на трите досегашни контроли во очекување на новата сезона.