Неверојатно беше да се види на полувреме резултатот од средбата во Суперлигата меѓу Алкалоид и Радовиш. На семафорот стоеше 11:14, а во текот на првиот дел гостите водеа и со 6:12. Гледаш и не веруваш.
Од друга страна треба да се каже дека Лазаров одмори неколку свои првотимци.
Потоа очекувано, голем пресврт на момците на стратегот Кирил Лазаров, веројатно на паузата имало во соблекувалната и “пеење“, па со одлично второ полувреме Алкалоид на крајот тримуфираше со 33:23.
И со тоа дојде до втората победа во вториот меч во новата сезона, првата беше извојувана над Вардар минатиот викенд.
Се чини дека радовишани само ги налутија момците на Лазаров.
Сепак бодовите си се бодови, победата си е победа.
Петковски со шест голови беше најефикасен кај победничкиот тим, од друга страна Постолов кај гостите исто така постигна шест погодоци.