Денеска продолжуваат мечевите од второто коло во Супер-лигата, на програмата се четири пресметки. Први на теренот ќе истрчаат Алкалоид и Радовиш. По големиот триумф над Вардар на стартот на сезоната, избраниците на Кирил Лазаров во Автокоманда ќе имаат полесна задача и шанса за нови бодови на табелата. Мечот е закажан во 12 часот.
Иако зад себе имаат тежок меч, Пелистер одлучи денеска да го пречека тимот на Струга и полека да се подготвува за новиот предизвик во Лигата на шампиони против Фуксе Берлин на домашен терен.
Дербито на ова кола е во Охрид, каде Стевче Алушовски и неговите момци се домаќини на Бутел Скопје. И двата тима во првото коло имаа полесна задача, па денеска ќе имаат шанса да видат со какви сили располагаат. Дуелот стартува во 19 часот.