Воткинс и Дуран со голем пресврт за победа на Астон Вила (ВИДЕО)

41

Фудбалерите на Астон Вила го совладаа Евертон со 3:2 (1:2) во натпреварот од четвртото коло на Премиер лигата со голем пресврт во второто полувреме. Гостите од Ливерпул на „Вила Парк“ дојдоа без победа и одлично се претставија во првиот дел од натпреварот. Двајт Мекнил ги доведе во предност во 16. минута, а истиот играч учествуваше во акцијата за вториот гол во 27. минута како асистент на Доминик Клавер-Луин.

Првиот чекор кон пресврт за домаќините го направи Оли Воткинс во 36. минута, поставувајќи го конечниот резултат на првото полувреме. Воткинс погоди и во 58. минута со што израмни на 2:2.

Избраниците на Унај Емери целосен пресврт направија во 76. минута, со една „бомба“ на Џон Дуран кој сигурно ќе биде гол на колото.

ПретходноНено најдобар стрелец за Олимпија Милано во поразот од Фенербахче
Следно5 од 5 со 20 постигнати гола: ПСВ урива рекорди и прерасна во машина за голови!