Џамал Мусијала денеска постигна гол за Баерн (М) по само 14 секунди на гостувањето кај Холштајн Кил (1-6), но сепак не е рекордер на Баварците.
Верувале или не, дури двајца играчи на Баерн постигнале побрзи голови од Мусиала.
Лотар Матеус уште во април 1986 година постигна гол во 13. секунда, но и тоа не е рекорд, бидејќи истиот му припаѓа на легендарниот Џовани Елбер, кој во јануари 1998 година постигна гол по 11 секунди.