Галатасарај купи унгарски напаѓач за 6 милиони евра

584

Турскиот фудбалски гигант и актуелен шампион, Галатасарај го комплетира трансферот на унгарскиот репрезентативец Роланд Салаи од Фрајбург. Напаѓачот потпиша со истанбулскиот клуб договор на четири години за плата од 2,5 милиони евра по сезона. Галата на Фрајбург ќе му плати отштета од 6 милиони евра.
Салаи има 53 настапи за Унгарија и 13 гола, а освен за Фрајбург во кариерата по една сезона играл за АПОЕЛ од Кипар и за Палермо, а кариерата ја почнал во Пушкаш Академија.
Галата оваа сезона ќе игра во Лигата на Европа, а моментално се на втората позиција во Суперлигата со девет бодови од три натпревари.

ПретходноБизарно: Играчите на Бароу со повисоки бонуси за пораз отколку за победа над Челзи
СледноГРК Тиквеш денеска ја почнува европската авантура