Гвардиола: Сега гледам повеќе натпревари на Ливерпул

309

Стратегот на шампионскиот Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека сега е принуден да гледа повеќе натпревари на Ливерпул од претходно. Причината е што „црвените“ по заминувањето на Јирген Клоп имаат нов стратег, а воопшто не го познава начинот на работа на Арне Слот.
Претходно Пеп призна дека најголем ривал во Премиер лигата му е Ливерпул поради Јорген Клоп против кого му е тешко да избере соодветна тактика.
Ќе играме против нов Ливерпул за кој не знам многу, повеќе ги гледам натпреварите на тој тим отколку кога се подготвувам за Арсенал, на пример, бидејќи Артета е на чело четири или пет години.
Претходно така беше и со Ливерпул на Јирген Клоп. Сега сум принуден да гледам повеќе натпревари на Ливерпул поради Арне Слот. Сè уште не знам што точно прават на теренот.
Генерално, гледав многу повеќе фудбал кога бев помлад отколку сега. Сега станав помрзелив. Мислам дека гледам доволно за да сфатам што сакаат нашите противници. Се обидувам да ги одберам вистинска тактика и потоа да им ја покажам на играчите“, изјави Пеп.

ПретходноУ-15: Македонија учесник на УЕФА развоен турнир во Молдавија
СледноСамо ги налутија: Алкалоид со пресврт до триумф над Радовиш!