Некогашната голема надеж на турскиот фудбал се пресели во новиот Суперлигаш

286

Кога се појави на фудбалските терени во дресот на Борусија Дортмунд му дадоа прекар турскиот Лионел Меси. Емре Мор толку ниско падна што сега ќе игра за новиот турски Суперлигаш Ејупспор. Се работи за клуб кој за првпат ќе игра во најсилната турска лига.

Мор заблеска на почетокот на кариерата на бундеслигашките терени во дресот на Борусија Дортмунд. Но неговата кариера место нагоре почна да се движи надоле. Во Борусија почна да „тоне“, па беше продаден во Селта за 13 милиони евра каде не се снајде, па отиде во Галатасарај, па потоа и во Фенербахче. Минатата пролет Фенер го позајми во Карагумрук, а сега на Жозе Мурињо не му е потребен и тој оди на позајмица во Ејупспор.
Неговата цена сега е падната на 2 милиони евра, а се чини дека ќе паѓа. Минатата есен за Фенер не постигна ни гол, а за Карагумрук само еден.

ПретходноЛина се пласира во финале во двојки на турнирот во Љубљана!
СледноРепрезентативец на С. Арабија паднал од балкон, се бори за живот…