Попладнево се одиграа пет меча од 3.коло во Бундеслигата. Јасно е дека нас најмногу не интересира што направи Елиф Елмас во дресот на Лајпциг, но Дијамантот повторно не доби никаква минутажа на средбата со Унион Берлин. Целиот меч го преседе на клупата за резерви иако неговиот тим не успеа да постигне барем еден гол и да победи. Оваа средба заврши со резултат 0:0, треба да се каже дека “биковите“ преку Опенда не реализираа пенал во 74.минута.
Навистина што се случува со Елмас?
Шампионот, тимот на Леверкузен буквално го прегази домашниот состав на Хофенхајм и тоа со 1:4. Тимот на Чаби Алонсо покажа класа.
Териер двапати Бонифејс и Вирц стрелаа за победа.
Менхенгладбах како домаќин беше поразен од Штутгарт со 1:3.
Фрајбург го победи Бохум со 2:1, нашиот репрезентативец Агон Елези не беше во записникот на гостите на овој натпревар.
Франкфурт како гостин со 1:2 славеше кај Волфсбург.