ЕХФ Евро Куп: Тиквеш со пораз и 4 гола негатива се враќа од Грција

212

Ракометарите на Тиквеш со пораз 31:27 се враќаат од првиот меч во 1. коло од ЕХФ Европскиот куп. На гостувањето кај екипата на Драма во Грција, кавадарчани не успеаја да направат поповолен резултат пред реваншот кој ќе го одиграа на домашен терен идната недела.

Во првото полувреме мечот беше израмнет, иако малата предност која ја имаа домашните ја искористија за да заминат на пауза со предност од 14:13.

Во вториот дел Драма беше многу подобра, успеа брзо да се одлепи на три гола предност, а дпотоа да дојде и до плус 4, предност која успеа да ја задржи до самиот крај и со пристојна гол-разлика да допатува на реваншот во Кавадарци.

Димовски и Манасков со по 5 постигнати гола беа најефикасни во составот на Тиквеш, додека кај Драма, Пападопулос и Критикос мечот го завршија со по 7 погодоци.

ПретходноПелистер со едно полувреме ја растури Струга, Прилеп со голем пресврт славеше во Куманово
Следно„Старата Дама“ и втор меч едноподруго одигра реми без голови