Захариевски за „СпортСпорт“: Респект за Гостивар, но ние сме Вардар и одиме на победа!

899

Утре од 15 часот на стадионот “Борис Трајковски“ во Скопје, во меч од 5.коло во ПМФЛ, нашиот најтрофеен клуб му гостува на силниот Гостивар. На овој меч свое деби на официјален меч на клупата на Вардар ќе има Срѓан Захариевски, некогашен фудбалер на “црвено – црните“ а сега тренер. Тренер од кога армијата вардарови фанови очекува подобри игри и резултати од тие што беа досега во изминатите четири кола.

Мислам дека не чека тежок натпревар. Голем респект за Гостивар, тоа е тим и клуб кој покажува во последните две години големи амбиции за највисок пласман. Играме против квалитетен тим со одлични поединци, сега да не ги набројувам. Сепак мене и нас не интересира како тоа ние ќе одиграме. Во текот на овие две недели напорно работевме, мора да се даде максимумот во овој момент, мораме да одиграме најдобро што можеме за боите на клубот и за нашите фанови. Реков, респект за Гостивар, но одиме по позитивен резултат, не криеме дека имаме победнички амбиции на овој меч“ изјави за “СпортСпорт“ стратегот на нашиот најтрофеен клуб, Срѓан Захариевски.

ПретходноСамо ги налутија: Алкалоид со пресврт до триумф над Радовиш!
СледноАдис Јаховиќ има нов клуб во Турција!