Леклер ја освои пол – позицијата за ГН на Азербејџан!

63

И четврти пат во низа Шарл Леклер дојде до пол – позицијата во квалификациите за ГН на Азербејџан кои попладнево се возеа на патеката низ улците на Баку.

Возачот на Ферари во последната фаза од квалификациите беше фантастичен па така утре на трката, која почнува во 13 часот, ќе стартува како прв.

На второто место се пласира Оскар Пјастри од Мекларен, додека трет беше Карлос Саинц на Ферари.

Ландо Норис доживеа катастрофа зошто не успеа да ја мине ни првата фаза од квалификациите па така утре ќе стартува од 17.место.

Додека Макс Верстапен никако да се врати во посакуваниот ритам, утре на трката ќе тргне од шестата позиција.

ПретходноПо победата над Динамо: Гатузо ги награди своите играчи со по еден Ајфон!
СледноКонечно убедлив Манчестер Јунајтед!