Лина се пласира во финале во двојки на турнирот во Љубљана!

60

Лина Ѓорческа заедно со Џил Тајхман до Швајцарија, успеа да се пласира во финалето на ВТА Челинџерот во Љубљана во двојки.

Лина и Тајхман денеска во полуфиналето славеа со 2:0 во сетови против Кескино (Франција) и Детијук (Чешка), па така утре ќе играат за трофејот на овој турнир и тоа против Бранкачио (Италија) и Ромеро Гормаз (Шпанија).

Нашата најдобра тенисерка заедно со Тајхман воопшто немаа тешка задача на денешното полуфинале, со убедливи 6:1 и 6:1 во гемови славеа и заслужено се пласираа во завршниот меч на овој турнир.

ПретходноКонечно убедлив Манчестер Јунајтед!
СледноНекогашната голема надеж на турскиот фудбал се пресели во новиот Суперлигаш