Нено најдобар стрелец за Олимпија Милано во поразот од Фенербахче

265

Со 14 поени, Нено Димитријевиќ беше најефикасен во составот на Олимпија Милано на денешниот пријателски натпревар против Фенербахче, кој Турците го добија со 81:76. Димитријевиќ покажа извонредна кошарка и не случајно дојде во Милано за да биде еден од носителите на играта во тимот.

Нашиот репрезентативец средбата ја заврши со 3/7 за два поени, 2/7 за три и 2/2 од линијата за слободни фрлања. Ова беше прв пораз за Олимпија Милано на трите досегашни контроли во очекување на новата сезона.

ПретходноВо победата од 1:6: Мусиала погоди за 14 секунди, но во Баерн има двајца побрзи од него (ВИДЕО)
СледноВоткинс и Дуран со голем пресврт за победа на Астон Вила (ВИДЕО)