Охрид до посакуван триумф над Бутел

67

Охрид вечерва на домашен терен славеше со 26-23 во дербито на денот во рамките на 2 коло во Суперлигата. По првиот дел гостите покажаа дека ќе се обидат да направат изненадување и успеаја да се држат во егал, но Охрид замина на одмор со два гола предност (11-9).

Во вториот дел беше уште поизедначено. Бутел се обидуваше да се врати резултатски во игра, но откако домашните поведоа со +5 (20:15) вече беше предоцна за пресврт.

Сафранко со 6 гола беа најефикасен кај Охрид, а Георгиевски кај Бутел постигна 7.

Претходно5 од 5 со 20 постигнати гола: ПСВ урива рекорди и прерасна во машина за голови!
СледноГо најавуваа како нова тениска сензација, а тој не победи никого од ТОП 20 цела година