Пелистер со едно полувреме ја растури Струга, Прилеп со голем пресврт славеше во Куманово

151

Без поголеми проблеми, актуелиот шампион Пелистер оствари победа во вториот меч од новата сезона во домашното ракометно првенство. Битолчани во своја сала славеа над Струга со убедливи 37:20 во меч во кој видовме едно сосема необично и израмнето прво полувреме (13:12) и тотална доминација на „зелено-белите“ во вториот дел кога постигнаа 24 гола, а на противникот му дозволија само 8 пати да го погоди нивниот гол.

Ракометарите на Прилеп се враќаат со голема победа од гостувањето во Куманово, откако со пресврт во последната минута дојдоа до победа од 36:35. Куманово одигра одлично, имаше предност, но гостите од Прилеп дадоа се од себе и успеаја да направат пресврт за победа. Квастек погоди за триумф на Прилеп, откако претходно малдиот голман Ангелески успеа да одбрани еден шут на домашните.

Шабановиќ постигна десет погодоци кај Прилеп, додека кај Куманово дури 17 гола реализираше Бразилецот Каио Винициус Де Соуза.

ПретходноНова победа на „Велодром“: Де Зерби го „воскресна“ Марсеј и го донесе на врвот во Лига 1 (ВИДЕО)
СледноЕХФ Евро Куп: Тиквеш со пораз и 4 гола негатива се враќа од Грција