Поразително: Италија има само еден стадион за ЕП 2032

493

Директорот на УЕФА, Мишел Ува ја предупреди Италија за сериозен проблем со стадионите и нивната инфраструктура, па во овој момент има само еден од пет стадиони кои ги задоволува барањата на УЕФА за организација на ЕП.
Италија и Турција се кодомаќини на ЕП 2032, а засега само „Алијанц“ стадионот на Јувентус ги исполнува условите.

Планот беше Италија да го организира ЕП 2032, но поради слабиот прогрес и слабото подобрување на инфраструктурата Италија ќе ја дели обврската со Турција.
На Италија и се потребни пет стадиони за ЕП 2032. Во моментов само еден е спремен, а тоа е стадионот во Торино (на Јувентус). На „Олимпико“ во Рим му е потребно реновирање, а ситуацијата со „Сан Сиро“ е покомплицирана.
Една година е помината откако Италија доби организација за ЕП, но многу малку е направено. Не се само петте стадиони за турнирот, Италија мора да вложува и во помалите клубови. На пример, Турција изгради 13 нови стадиони во изминатите неколку години, не само тие што ќе бидат домаќини на ЕП“, изјави Ува.

Вчера беше соопштено дека Интер и Милан размислуваат за нов заеднички стадион и да се тргнат од „Сан Сиро“ на кој му треба сериозна реконструкција. Имаше неколку идеи, меѓу кои и да се сруши стадионот и да се изгради нов, или да се изгради нов надвор од Милано, но засега нема конечна одлука.
Во Англија го срушија Вембли и изградија нов, во Бразил направија огромна реконструкција на Маракана. А тоа се култни стадиони, храмови на фудбалот. Сфаќам дека луѓето ги сакаат стадионите, но не смееме да мислиме дека тие се вечни. „Сан Сиро“ е убав споменик, но двата клуба од Милано треба да имаат свој модерен дом подготвен да донесат нови приходи“, изјави Ува.

Ува, кој е Италијанец и работеше долги години во ФИГЦ, предупредува дека постои отпор за напредок на Полуостровот.
Кога беа претставени вторите тимови во Италија, имаше протести бидејќи се плашеа дека тоа ќе ги истисне локалните клубови. Сега тие сфаќаат колку тие можат да бидат функционални, како што се со години во Германија, Шпанија, Франција и на поинаков начин во Англија“.

ПретходноМладиот десен бек Иваноски ќе игра за Дубочица
СледноПо 15 години на терените во Англија се пресели во турски Анталијаспор