По победата над Динамо: Гатузо ги награди своите играчи со по еден Ајфон!

314

Сплит е во еуфорија, Хајдук слави, тренерот Џенаро Гатузо сепак покажа дека е вистинскиот човек за тренер на “билите“ и тоа на дело го покажа, и тоа на “Максимир“ каде на дербито неговите момци го победија Динамо со 1:0 и сега се први на табелата во ХНЛ.

Гатузо има право да биде среќен и задоволен, неговата екипа во целост тактички го надмудри својот ривал.

Инаку по триумфот Гатузо им рекол на своите играчи дека тој лично ќе ги награди сите оние кои играа вчера за Хајдук со по еден најнов модел на Ајфон. Тоа и го исполни за што потроши околу 30.000 евра. 

Италијанецот е прекален професионалец и знае дека со вакви потези уште повеќе неговите играчи ќе “гинат“ за него.

ПретходноАдис Јаховиќ има нов клуб во Турција!
СледноЛеклер ја освои пол – позицијата за ГН на Азербејџан!