Само Ц. Звезда и никој друг: Србија како С. Кореја, погледнете ги само насловните!

660

Секоја чест на пласманот во Лигата на Шампионите. Секоја чест за тренерот Владан Милојевиќ кој по третпат ја однесе Ц. Звезда во ЛШ, но сепак некои работи со овој клуб се претеруваат во Србија. Се чини во право се сите оние кои велат дека Ц. Звезда е “режимски клуб“. Погледнете ги само насловните страници на сите политички весници во таа земја и се ќе ви биде јасно.

Од еден до последен сите со исти насловни, си ист дизајн, како само еден уредник да ги правел.

Ова е како во С. Кореја, само Ц. Звезда и никој друг.

Еве уште еден доказ дека со некои работи во последните години навистина се претерува со овој клуб кај нашиот северен сосед се претерува.

Замислете ова да се случува во Хрватска, и таму Динамо Загреб владее со децении во фудбалот, ама на никој на памет не му паднало да го нарекува Динамо Загреб “режимски клуб“ и таму сите весници не се со исти насловни.

Инаку во четврток се игра во Белград натпреварот меѓу Ц. Звезда и Бенфика.

ПретходноСтрумица успешно го „положи“ грчкиот тест пред пресметките со Олимпијакос во ЛШ
СледноНова победа на „Велодром“: Де Зерби го „воскресна“ Марсеј и го донесе на врвот во Лига 1 (ВИДЕО)