Сити прими гол во 22 секунда, па Халанд со два гола донесе победа, Ливерпул шокиран на “Енфилд“!

104

Манчестер Сити уште на стартот во новата сезона во Премиер-лигата покажува кој е кој, па така по победата над Бретфорд сега има четири од четири. Попладнево на „Етихад“, четата на Пеп Гвардиола успеа да слави со 2:1 иако прими гол во 22 секунда. Ова најбрзиот гол што некој клуб го постигнал кај Сити на гости во историјата.

Сепак Ерлинг Халанд со два гола, во 19. и 32.минута успеа да донесе победа за својот тим. Инаку Јармолјук можеше во 90.минута да израмни, имаше зицер, но сепак не успеа.

Па така со овие два гола Халанд сега има 9 голови на четири меча сезонава.

Нема што, оваа лига може да се нарекува и “Халанд – лига“ а не Премиер-лига.

Нотингем Форест го победи Ливерпул на “Енфилд“ со 0:1. Ова беше прв триумф на „шумарите“ на гости кај Ливерпул по првпат од 1969 година или по цели 25 меча во низа.

Сензација, нема што. Ова е прв пораз на Арне Слот како тренер на “Редси“ и прв примен гол.

Вест Хем се спаси од пораз со гол во 90+5.минута со голот на Ингс на гостувањето кај Фулам.

Брајтон и Ипсвич одиграа 0:0, Кристал Палас и Лестер ремизираа со 2:2.

ПретходноЕлмас остана на клупата, а Лајпциг одигра само 0:0 со Унион Берлин, Леверкузен го прегази Хофенхајм!
СледноСтрумица успешно го „положи“ грчкиот тест пред пресметките со Олимпијакос во ЛШ