Тотре си замина од Ворскла и потпиша договор со турски второлигаш

369

Македонскиот интернационалец Енур Тотре го раскина договорот со Ворскла, но не се врати во македонскиот шампионат бидејќи кариерата ќе ја продолжи во Турција. Неговиот нов клуб е второлигашот Сакаријаспор.
Турскиот клуб објави дека со играчот од средниот ред е потпишан двегодишен договор.
Тотре е дете на Шкендија, а една сезона играше за Тирана, во 2022 година потпиша за Ворскла каде запиша само три лигашки натпревари, па се врати како позајмен во Шкендија се до крајот на минатата сезона по што се врати во украинскиот клуб.
Инаку Сакаријаспор е на 15. место на табелата во втората турска лига со четири бода од исто толку натпревари (четири ремија).

ПретходноАлкалоид и Пелистер по „лесни“ бодови, дерби дуел во Охрид
СледноБизарно: Играчите на Бароу со повисоки бонуси за пораз отколку за победа над Челзи