УЕФА ги враќа руските клубови во европскиот фудбал?

1054

Претседателот на Рускиот фудбалски сојуз, Александар Дјоков изјави дека се водат преговори за враќање на руските клубови во европските клупски турнири како Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Лигата на конференции.
Во моментов имаме состаноци на кои се разговара за различни опции за враќање на земјата во европскиот фудбал. Верувам дека порано или подоцна тоа ќе се случи бидејќи се менуваат ставовите на другите федерации“, изјави Дјуков за локалните медиуми.

Во февруари 2022, ФИФА и УЕФА ги суспендира сите Руски национални тимови и клубови од учество во сите интернационални фудбалски натпреварувања. Од тогаш па до сега, ниту еден официјален интернационален меч не е одржан во Русија.
На Русија не и беше дозволено да учествува во квалификациите за СП 2022. Националниот фудбалски тим игра само пријателски натпревари.
Истото се однесува и за кошарката, ракометот и сите други спортови освен индивидуалните, а спортистите учествуваат на тениските турнири и на Олимписките игри под неутрално знаме.

ПретходноПовторно е одложено судењето за смртта на Марадона!
СледноНавивачите на Ал Наср немаат дилеми кој е „GOAT“ во историјата на фудбалот