Искусниот македонски напаѓач Адис Јаховиќ (37) има нов клуб. Тоа е нисколигашот Нарлидере Беледиеспор од Измир.
Со потписот на Јаховиќ, кој официјално од вчера е нов член на Нарлидере, се пофалија и самите луѓе од клубот.
“Ангажиравме маестрален напаѓач кој бил најдобар стрелец во повеќе клубови“ потенцираа од Нарлидере.
Инаку Јаховиќ во својата кариера во Турција има играно за екипите на Бодрум, Гезтепе, Анталијаспор, Малатијаспор, Коњаспор, има играно и во клубови од Русија, Швајцарија, Украина, БиХ, Хрватска, а во Македонија за Македонија ЃП и Влазними.
За репрезентацијата на нашата земја одигра 19 средби и постигна 3 гола.