Фудбалерите на Астон Вила го совладаа Евертон со 3:2 (1:2) во натпреварот од четвртото коло на Премиер лигата со голем пресврт во второто полувреме. Гостите од Ливерпул на „Вила Парк“ дојдоа без победа и одлично се претставија во првиот дел од натпреварот. Двајт Мекнил ги доведе во предност во 16. минута, а истиот играч учествуваше во акцијата за вториот гол во 27. минута како асистент на Доминик Клавер-Луин.
Првиот чекор кон пресврт за домаќините го направи Оли Воткинс во 36. минута, поставувајќи го конечниот резултат на првото полувреме. Воткинс погоди и во 58. минута со што израмни на 2:2.
Избраниците на Унај Емери целосен пресврт направија во 76. минута, со една „бомба“ на Џон Дуран кој сигурно ќе биде гол на колото.