ГРК Тиквеш денеска ја почнува европската авантура

391
Фото: Кочо Сотировски

Македонскиот тим, ГРК Тиквеш денеска ја почнува својата европска авантура. Кавадарчани стартуваат од првото квалификациско коло ЕХФ Европскиот Куп, а за противник го имат грчкиот тим на Бианко Монте Драма.

Избраниците на Кристијан Грчевски играат на гостински терен, мечот е закажан со почеток во 18 часот. Според играта во првото коло од Супер лигата против Пелистер, кавадарчани покажаа дека имаат потенцијал и оваа сезона. Сето ова дава надеж дека ќе ги гледаме и во следната рунда.

Реваншот е закажан за 22 септември од 19:00 часот во „Јасмин“, доколку ГРК Тиквеш го мине овој двомеч во второто квалификациско коло го чека тимот на Арендал од Норвешка.

ПретходноГалатасарај купи унгарски напаѓач за 6 милиони евра
СледноМладиот десен бек Иваноски ќе игра за Дубочица