Кимих најави нов договор со Баерн (М)

100

Играчот од средниот ред на Баерн Минхен, Џошуа Кимих најави дека е подготвен да разговара за нов договор со Баварците.

„Подготвен сум да разговарам за нов договор. Секогаш е убаво да се слушне поддршката од клубот. Сега само уживам во моментот“, вели Кимих.

Германскиот играч за врска игра за Баерн Минхен од 2015 година. Во тековната сезона учествуваше на четири натпревари, вклучувајќи ги сите турнири и не постигна голови. Актуелниот договор на Кимих со Баерн е до летото 2025 година.

ПретходноРеал со два гола од пенал до победа во Сан Себастијан (ВИДЕО)
СледноРељиќ е седма на олимписката ранг листа, по краткиот одмор ја почнува мисијата ЛА 2028!