Лина Ѓорческа заедно со Џил Тајхман до Швајцарија, успеа да се пласира во финалето на ВТА Челинџерот во Љубљана во двојки.
Лина и Тајхман денеска во полуфиналето славеа со 2:0 во сетови против Кескино (Франција) и Детијук (Чешка), па така утре ќе играат за трофејот на овој турнир и тоа против Бранкачио (Италија) и Ромеро Гормаз (Шпанија).
Нашата најдобра тенисерка заедно со Тајхман воопшто немаа тешка задача на денешното полуфинале, со убедливи 6:1 и 6:1 во гемови славеа и заслужено се пласираа во завршниот меч на овој турнир.