Нова победа на „Велодром“: Де Зерби го „воскресна“ Марсеј и го донесе на врвот во Лига 1 (ВИДЕО)

102

Олимпик Марсеј е нов лидер во францускиот шампионат. Момците на Роберто Де Зерби денеска прокнижија уште една победа во Лига 1, овој пат на домашен терен против Ница со 2:0.

Ова е трета победа за Марсеј во четири кола, со што единствениот европски првак од Франција заседна на врвот на табелата. Сепак, ПСЖ вечерва со победа би можел да се врати на лидерската позиција.

Головите за победа на Марсеј беа дело на Маупај во 40’ (ВИДЕО) и на Луис Енрике во 53’ (ВИДЕО).

ПретходноСамо Ц. Звезда и никој друг: Србија како С. Кореја, погледнете ги само насловните!
СледноПелистер со едно полувреме ја растури Струга, Прилеп со голем пресврт славеше во Куманово