Само ги налутија: Алкалоид со пресврт до триумф над Радовиш!

101

Неверојатно беше да се види на полувреме резултатот од средбата во Суперлигата меѓу Алкалоид и Радовиш. На семафорот стоеше 11:14, а во текот на првиот дел гостите водеа и со 6:12. Гледаш и не веруваш.

Од друга страна треба да се каже дека Лазаров одмори неколку свои првотимци.

Потоа очекувано, голем пресврт на момците на стратегот Кирил Лазаров, веројатно на паузата имало во соблекувалната и “пеење“, па со одлично второ полувреме Алкалоид на крајот тримуфираше со 33:23.No description available.

И со тоа дојде до втората победа во вториот меч во новата сезона, првата беше извојувана над Вардар минатиот викенд.

Се чини дека радовишани само ги налутија момците на Лазаров.

Сепак бодовите си се бодови, победата си е победа.

Петковски со шест голови беше најефикасен кај победничкиот тим, од друга страна Постолов кај гостите исто така постигна шест погодоци.

ПретходноГвардиола: Сега гледам повеќе натпревари на Ливерпул
СледноЗахариевски за „СпортСпорт“: Респект за Гостивар, но ние сме Вардар и одиме на победа!