„Старата Дама“ и втор меч едноподруго одигра реми без голови

40

Втор натпревар во низа Јувентус во Серија А го завршува со најнепопуларните 0:0. По дербито со Рома во минатото коло, „Старата Дама“ вечерва не успеа да постигне гол ниту на гостувањето кај Емполи.

Мала позитива за тимот на Мота е тоа што на четири натпревари не прими ниту еден гол.

Најубавата шанса на мечот ја имаше Влаховиќ во 50. минута по брилијантното додавање на Нико Гонзалес. Српскиот напаѓач влезе во шеснаесетникот, шутираше по земја, но директно кон голманот Васкез.

ПретходноЕХФ Евро Куп: Тиквеш со пораз и 4 гола негатива се враќа од Грција
СледноВо победата од 1:6: Мусиала погоди за 14 секунди, но во Баерн има двајца побрзи од него (ВИДЕО)