Вардар најавува голема битка во Маџари, во меч без публика…

305

Уште еднаш за “театарската“ одлука на ФК Гостивар дуелот со Вардар да се игра без присуство на гледачи. Одлука која ја шокира фудбалската јавност. Гостиварци преферираат да станат голем клуб во ПМФЛ, а носат вакви аматерски одлуки. Едно со друго не оди.

Па за кого се игра фудбалот? За кого денеска Гостивар и Вардар од 15 до 17 часот на “Борис Трајковски“ ќе играат?

Но, тоа е реалноста во мак – фудбалот, тоа е тоа кога во нашата елитна лига играат и такви клубови како Гостивар.

Инаку за денешниот меч од таборот на Вардар се најавува голема битка, сака да се сврти нова страница со новиот стратег Срѓан Захариевски кој токму против Гостивар ќе го има своето официјално деби на клупата.

Според неговите зборови за “СпортСпорт“ во изминатите две недели добро се работело, се правела тактиката за ова тешко гостување кај силниот состав на Гостивар. Амбициите на Захариевски и неговите избраници не се мали, напротив. Ќе се оди по добар резултат, ќе се оди по бодови, тоа е приоритет во овој момент.

Да потсетиме дека пред да дојде Захариевски, Вардар забележа три порази и само една победа, онаа со Пелистер, во изминатите четири кола во новата сезона. Сега со Захариевски, кој е еден од нашите најдобри стратези, амбициите се тимот да почне да освојува бодови.

Новиот тренер бара од своите играчи максимално залагање, максимална борба, извршување на сите поставени задачи и верба во себе, верба во Вардар.

Само така може да се дојде до целта.

ПретходноЃоковиќ: Ние Србите сме небесна нација, но народот почна да губи верба во тоа!
СледноВини брутално спуштен на земја: Нема смисла да го прави ова откако беше невидлив